Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Охрид ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 12 степени.
Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има в среда, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а в петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.
OhridNews