Дојава за поставена бомба утрово во Основниот суд во Охрид. Пред судот можеше да се забележат екипи на полицијата, ТППЕ Охрид и брзата помош, додека вработените беа евакуирани.

Настанот го потврдија и од СВР Охрид. Портпaролот Стефан Димоски вели дека дојавата утрово била добиена на електронска адреса, по што веднаш се преземении мерки за евакуација.

Денеска во 07.50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот и во тек се антитерористички проверки, додава Димоски.

Инаку, дојава за поставена бомба во Охрид имаше и во декември во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ која беше пристигната на електронската адреса на училиштето. Изминатиот период дојави за поставени бомби имаше и во училишта, институции, трговски центри во Скопје и Прилеп.

Н.С.Ј.