Според најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи, утрово, најниската измерена температура била во Лазарополе минус седум степени.

Минус пет во Берово, минус четири во Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Дебар, минус три во Скопје, Виница и Штип, минус два во Битола, Демир Капија и Струмица, минус еден во Претор и нула во Гевгелија.

Во Охрид утрово е измерена температура од – 2 степени.

Затоплување се очекува во среда кога минималните темпператури ќе се движат околу петтиот степен под нулата, додека максималните ќе се искачат до 9 степен.

OhridNews