Утрово е најстудено на Попова Шапка, седум степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје, 16 литри на метар квадратен.

До 08 часот наврнале и 14 литри на единица површина во Пожаране, 10 во Крива Паланка, 8 на Попова Шапка, 7 во Тетово, 6 во Куманово, 5 во Лазарополе, 4 во Маврови Анови, 2 во Битола и Дебар, како и еден во Претор, Крушево, Берово и Тополчани.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Утре во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.
OhridNews











