Живата во термотрите утрово во Охрид се спушти до седмиот степен под нулата. Најстудено утрово е на Попова Шапка -16, во Маврово и Круишево се измерени -12, а во Берово -9 степени.

Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови, каде локално ќе достигне брзина и над 60 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде под нулата.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со минимални температури и под -10 степени. До среда на места и дневните температури ќе бидат под нула, а потоа ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.

OhridNews