Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започна денес согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ.

Досега во Охрид поднесена е една листа за собирање на потписи за кандидат за градоначалник и една листа за собирање потписи за членови за совет. Рокот за поднесување на листи започнува од денес и трае 15 дена, а согласно од бројот на жителите во општината, потребни се и одреден број потписи. Конкретно за Охрид потребни се 350 потписи, вели Марга Димковска, раководител на Државна изборна комисија -Охрид.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ОИК.

ОИК врши проверка на листите најдоцна во рок од 24 часа од приемот на листата и исто така доставува барање за проверка на податоците од листата до институциите веднаш или најдоцна 24 часа по поднесувањето односно на 12 септември. Институциите се должни повратните информации до ДИК да ги достават во електронска форма за 24 часа.

Доколку ДИК утврди дека листата е составена согласно Изборниот законик ја потврдува во рок од 24 часа, додека доколку се утврдат неправилности или пропусти им се дава 48 часа на подносителите да ги отстранат.

Н.С.Ј.