Утрово, во 5.18 часот, на улицата „Антон Попов“, во скопската населба Кисела Вода, од страна на непознат/и сторител/и, од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило лице местото и се упатило во непознат правец.
Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен е увид и подигнати се предмети за вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews