Како што информираат од СВР Охрид, утврден е идентитетот на мажот чие безживотно тело беше пронајдено вчера, околу 14 часот, на улицата „Карпош Војвода“.
Станува збор за Младен В. роден 1949 година во Охрид.
Во тек е утврдувањето на причините поради кои настапила смртта. Врз телото не се откриени траги на насилство, а според првичните информациии лицето имало здравствени проблеми.











