Како што информираат од министерството за внатрешни работи, идентитетот на жената која вчера беше пронајдена мртва во водите на Охридското езеро, кај Сараиште, е Весна В., родена 1980 година во Прилеп, која живеела во Србија и имала српско државјанство.

Жената во 15 часот и 15 минути била донесена во охридската Општа болница, каде било констатирано дека околу 14 часот, по влегувањето во вода доживеала срцев удар.

OhridNews