Со одржувањето на третата форумска сесија во ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, утврдена е потесната листа од три проектни идеи, што ќе конкурираат за добивање грант во висина од 112 илјади швајцарски франци од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а со кои се решаваат проблеми од пошироко, регионално, значење.

По извршеното рангирање, најголем интерес од засегнатите страни од Регионот, е покажан за инвестирање во туристичката инфраструктура и тоа за изградба на пристапни патеки до одделни локалитети, како и за мапирање на значајните културни и природни реткости. Во најтесен избор влезе и проектот за решавање на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините како што се градинките, училишните и друг вид на објекти од јавен интерес.

Мошне скоро, како што истакнуваат од Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, ќе биде одржана и седница на Советот на развој, на која се очекува, листата на да биде потврдена. По ова, Комисија од страна на донаторот – Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, ќе изврши избор на еден проект кој ќе биде финансиран и реализиран во текот на оваа година.

Швајцарската агенција за развој и соработка, се јавува како значаен партнер на центрите за развој во земјава, бидејќи со нивна поддршка, во текот на годинава, треба да се реализираат и други проекти и активности во вкупна висина од  170 илјади швајцарски франци.

OhridNews