До крајот на оваа недела ќе се задржи стабилно, суво и доста топло време. УВ индексот ќе има висока вредност 8, соопшти Управата за хидометеоролошки работи.

Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степени Целзиусови.

Биометеоролошка прогноза

Преку денот биометеоролошките услови ќе имаат поголемо влијание. Во утринските часови може да се појави главоболка, а поретко слаби болки на грбот и во рацете. Во пладневните часови луѓето чувствителни на временските промени ќе почувствуваат и сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во попладневните часови ќе дојде до смирување на симптомите.

OhridNews