Фудбалерите на Јувентус забележаа нова победа во италијанската Серија А совладувајќи го составот на Удинезе со 4-1 во Торино.

Домашната екипа во целост го оствари планот на Масимилијано Алегри, бидејќи до триумфот стигна на лесен начин со фудбалери од вториот тим или оние кои добиваат помала минутажа, а одморија Кристијано Роналдо, Марио Манџукиќ и другите поважни алки во клубот.

Творец на победата на „бјанконерите“ беше Моисе Кин кој ги постигна првите два погодоци за комотно водство 2-0. На 3-0 зголеми Емре Чан од пенал, а „покерот“ го комплетираше Блаизе Матуиди. Во финишот гостите преку Кевин Лазања постигнаа почесен погодок.

Следен предизвик за Јувентус е дуелот со Атлетико Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. На италијанскиот шампион потребна му е победа од три погодоци за сигурен пласман во ТОП 8, а триумфот со четири голови во мрежата на Удинезе е добра најава.

OhridNews