Водечката екипа во Серија А, Јувентус забележа лесен и убедлив триумф на домашен терен против Фросиноне победувајќи го (3-0) во првиот натпревар од 24-та рунда.

„Бјанконерите“ со рутинската победа ја остварија целта да освојат три бодови и да ги зачуваат силите за престојниот дуел со Атлетико Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Јувентус триумфот го најави со головите на Дибала и Бонучи во 6-та односно 17-та минута, а печат стави Роналдо со погодокот во 63-та минута. После третиот погодок тренерот на „старата дама“ Алегри ги повлече од игра Роналдо, Киелини и Кедира за избегнување на некоја несакана повреда.

Програмата во Серија А продолжува утре со натпреварите помеѓу Каљари – Парма (18 часот) и Аталанта – Милан (20:30ч).

OhridNews