Лидерот на табелата Јувентус го покажа вистинско лице на гостувањето кај Сасуоло победувајќи 3-0, додека „росонерите“ забележаа лесна победа на Сан Сиро совладувајќи го Каљари со 3-0 во рамките од 23-та рунда од Серија А.

„Старата дама“ со сигурен триумф против Сасуоло одговори на ремито со Парма и елиминацијата од Купот на Италија. Сами Кедира, Кристијано Роналдо и Емре Џан беа стрелци на головите во новата вкупно 20-та победа во „калчо“ лигата.

„Росонерите“ на своите навивачи им приредија натпревар за уживање, откако без поголеми потешкотии славеа на домашен терен над Каљари 3-0. Милан во 13-та и 22-та минута ја погоди гостинската мрежа и ја наговести рутинската победа. Водечкиот погодок беше автогол, додека вториот го реализираше Лукас Пакета. Триумфот го заокружи Криштоф Пјатек.

Милан се врати во ТОП 4, а Јувентус се одлепи на 11 бодови од второпласираниот Наполи и веројатно ги реши сите дилеми околу титулата.

OhridNews