По сумирањето на впечатоците од промоцијата на најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо италијанскиот шампион, Јувентус ќе повлече нов генијален потег доведувајќи го во клубот Зинедин Зидан.

Французинот на Јувентус ќе му се приклучи и ќе работи во бордот на директори. Но, сите овој повлечен потег на „бјанконерите“ го сметаат за прв чекор кон презамање на екипата која моментално ја води Масимилијано Алегри. Популарниот „макс“ важечки договор има уште две сезони, но без титула од ЛШ сезона која доаѓа тешко веројатно дека ќе го одработи до крај договорот.

За тренерските квалитети на Зидан и не треба многу да се говори и пишува. Со него кралскиот клуб три пати во серија ја освојуваше титулата во ЛШ и еднаш триумфираше во Ла Лига.

Инаку, Европа со фудбалски виртуоз се запозна токму во Јувентус далечната 1996 година. Зизу играше пет сезони во Јувентус, а потоа се пресели во Реал Мадрид.

OhridNews