Во понеделник Општинската изборна комисија – Охрид свечено ќе ги врачи уверенијата на избраните локални функционери во првиот круг на Локалните избори, кои се одржаа на 19-ти октомври 2025 година.

Потоа ќе бидат доделени уверенијата на новоизбраните советници на Општина Охрид, по што ќе следи конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Охрид.
OhridNews
 
					



 
							







 
					