Хотел „Филип“

2021-08-28 21:00 - 2021-08-29 01:00

По извонредните настапи на сцените во земјава и странство ова лето, Владимир Четкар секстет најавува уште едно врвно музичко уживање. На 28 август на терасата на хотелот „Филип“ ќе се случи уште едно издание на „Wine&Jazz“, настан кој традиционално привлекува исклучителна публика чиј префинет вкус секогаш е предизвик и инспирација за светски познатиот музичар Владимир Четкар, и затоа неговите настапи на овој настан се посебни.

Влезниците за настанот чинат 400/600 денари, а бројот на публика е ограничен поради мерките за заштита од Ковид-19.

Почетокот на концертот на Владимир Четкар секстет во хотел „Филип“ е закажан за 21 часот, а влезот е еден час порано, во 20 часот.

ОhridNews