Од охридскиот Народен театар информираат дека поради состојбата околу коронавирусот, дел од претставите на репертоарот од театарот, публиката ќе може да ги проследи преку интернет.
- Почитувана публико, бидејќи овој период не можете да уживате во магијата на театарските претстави НУЦК Охрид/Народен Театар Охрид се тука за Вас на следниов линк https://www.youtube.com/watch?v=O3rESwKD73g. На YouTube можете да ја гледате претставата “Балканска 3а /2” од Дејан Дуковски, режија Ана Батева во изведба на актерите на Народен Театар Охрид, информираат од Центарот за култура.
Оттаму со порака до охриѓани-Да ги Почитуваме Препораките, Да се Заштитиме, Остани Дома!
OhridNews












