Македонскиот репрезентативец Војдан Стојаноски е добитник на наградата најдобар кошаркар во Македонија за 2011 година.  В. Стојаноски наградата ја наследува од својот брат близнак Дамјан Стојаноски. За најдобар македонец во странство е прогласен Лестер Бо Меклејб додека кошарките кои ги бранеа боите на ЕП во Литванија добија специјална наградата “Шампиони на нашите срца“.


Во младите категории наградите им припаднаа на Ангела Давиткова во женска и на  Владимир Петровски во машка конкуренција. Кај тренерите очекувано најдобар е Марин Докузоски кој ја предводеше “македонската фаланга“ до историскиот успех на ЕП во Литванија.

 

Ohridnews