ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на Прилеп, со привремен престој во Струга и против 61-годишен стружанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар. Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил изгаснат, лицата се лишени од слобода, соопшти МВР.
OhridNews