Сонот на љубителите на десерти станува јаве во ново отворената специјализирана продавница за вафли и десерти „Sweet land“ во Влашка маала.

Тука ќе најдете традиционални десерти изработени според оригинален холандски рецепт, како вафла на стапче, вафла со карамел сируп, мини палачинки, „чиз кејк“ и мини панакота. Супер вкусните десерти можат да се комбинираат со разни кремови како: киндер буено, нутела, орео крем, малина, ванила, црн крем…. Исто така може да се комбинираат и додатоци: лешник, мачмалоу, орео, киндер буено и други.

Слаткото царство „Sweet land“ е лоцирано на улица „Питу Гули“ 124, наспроти чинарот во Влашка маала, а прекрасните десерти може да ги вкусите и вашиот дом со нарачка на телефонот: 071 279 111. Доставата е бесплатна.

 

Работното време на специјализирана продавница за вафли и десерти „Sweet land“ е од  09-21 часот, од понеделник до сабота.

OhridNews
фото: А. Момироска