Вакафнамето на семејството Охризаде раскажа историја долга шест века
10.08.10 00:07
Книгата „Семејството Охризаде – историја долга 600 години“, во која е поместено вакфнамето – турски документ од 1491 година за едно од најпознатите охридски семејства, синоќа беше промовирана во Центарот за култура.
Преписот од оригиналниот документ напишан на арапски јазик, кој во семејството Охризаде во Охрид се предавал од генерација на генерација, бил сочуван шест века. Во септември 2005 година Бекир Илјаз Синан го предал на Охридскиот архив. Тој е всушност првиот препис на вакафнамето на Синан Челеби направен врз база на оригиналот и кој што ја содржи султанската тугра.
-Тоа е најстариот документ на арапски јазик објавен во Македонија кој се однесува на семејството Охризаде и неговите завештанија од крајот на петнаесетиот век во Охрид и околината, односно во охридско и струшко. Тоа е документ за историјата на Охрид и семејството Охризаде чии потомци и ден денес живеат во Охрид и исклучително значаен документ за правната историја на Османлиската империја, во кој се покажуваат сите правни норми кои владееле на територијата на Македонија во XV век, преку кој можело да се остава во наследство или да се подарува и продава имот, истакна Драги Ѓорѓиев-коавтор на книгата.
Со семејството Охризаде е поврзана и изградбата на Имарет, денешен Плаошник. Синанудин Јусуф Челеби го изградил имаретот на местото на Свети Климентовиот манастир, каде имало и џамија посветена на Султанот Мехмет Фатих, која постоела до крајот на османлиското владеење. Дел од ѕидот постоеше до 2000 година кога на негово место беше обновен Св. Климентовиот храм посветен на Св. Пантелејмон. Ден денес на Плаошник постои турбето на Синан Челеби.
Документот на семејството Охризаде го откри Илинка Јанева, раководител на Охридскиот историски архив, според која тој има големо значење за Охрид и затоа што е пишуван на негово тло.
-Истражувањата започнаа во 2003 година. Документот се пронајде во 2005 година, а беше преведен од арапски јазик во 2009 година, за денес да биде објавена и книгата за семејството Охризаде, истакна Јанева.
Потомците на семејството Охризаде се горди на својот татко Бекир Илјаз Синан, кој го објави вакафнамето, но жалат што тој не доживеа да ја види промоцијата на книгата.
Тургут Хајдар, син на Бекир, изрази надеж дека книгата ќе биде преведена на турски јазик за да можат да се запознаат со неа и другите нследници кои живеат во Турција и во некои европски земји.
Интерес за вакафнамето на семејството Охризаде пројавиле архивите на соседните држави, но тоа според аманетот ќе остане во семејството, додека копија ќе се чува во Архивот на Република Македонија.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.