Вакцината против Ковид-19 кај нас во јануари или февруари
10.11.20 14:00
Очекувањата се дека во јануари или февруари ќе ја имаме вакцината против Ковид-19 согласно сегашната динамика на одвивање на работите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
И втората компанија после „Астра Зенека“ и компанијата „Фајзер“, посочи министерот, аплицираше да добие дозвола за употреба во Европската агенција за лекови. Појасни дека вообичаено тоа е процедура која трае неколку месеци и кога ќе завршат сите клинички фази на испитувањето почнува административата процедура.
Верувам дека ќе дадат одобрување по таа т.н.ургентна постапка и дека некаде до Нова година, такви се очекувањата, ќе добие дозвола и двете вакцини да бидат дистрибуирани. Ние ги очекуваме преку Ковакс механизмот, од чиј дел се овие две компании. Како ќе ја добијат дозволата за употреба таму ги даваат дозите и тие еднакво се распределуваат на сите земји кои учествуваат во него. Секоја следна компанија која влегува во тој механизам ги дава на располагање своите дози на вакцини. Ние го потпишавме договорот, Владата даде согласнот, обезбеден е буџет, така што ги очекуваме вакцините преку Ковакс механизмот, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот за брзи тестови во поликлиниката „Јане Сандански“.
Потенцира дека имаат и две други понуди, една од Полска преку полскиот амбасадор и друга преку грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на последната средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот во Солун покажал добра волја и можност државава да биде дел и од нивната количина набавка, која како земја-членка на ЕУ е обезбедена со директен договор со компанијата „Астра Зенека“.
На 14112025 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на две различни локации во водите на Охридското Eзеро кај охридското село Пештани пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи Из...
На 15112025 во 03:45 часот во сПодгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга лишија од слобода 39-годишно лице од сОровник, охридско При...
Ракометарите на Охрид во 3 коло од ЕХФ Европскиот куп утре го играат првиот натпревар на домашен терен со екипата на МРК Слога Добој од Босна и Херцеговина, во салата „Билјанини Извори“ со почеток ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.