„Ваков таков“ е најновото музичко парче кое излегува од работилницата на ДНК. Темата е всушност соработка на Панчо и Андреј со Young Dadi, трап артист чие време допрва доаѓа.

Снимивме дует со, според нас, еден од најперспективните алтернативни трап артисти, за кој спотот го направивме за време на забавата на која го испраќавме за Мадрид на студии. Решивме токму забавата да ја преточиме во видео заради одличната енергија и позитивните луѓе кои беа присутни, а и затоа што сето беше само надополнување на позитивата во песната. Позитивна песна, позитивни луѓе, интересен спој и се роди „Ваков таков“, велат Панчо и Андреј од ДНК.

Текстот на песната е со потписот на Панчо и Young Dadi, додека музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од Дупер. Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски со мала помош од Борис, во чие LCV студио и е продуцирана и снимена. „Ваков таков“ е мастеризирана во Лондон од страна на Streaky. Веќе стандардно песната е пуштена во исто време и со спот, снимен од Пако, а спакуван од Ѓуле.

 

OhridNews