Од денеска до 5-ти октомври, домашните миленици ќе можат да се вакцинираат против беснило за 250 денари. Акцијата, како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, е дел од есенската петта фаза во борбата против беснилото како и по повод Светскиот ден за борба против беснило – 28 Септември.

Исто така, во овој временски период предвидено е на целата територија на Република Македонија да се фрлат 500 илјади мамки, по успешно изведените четири кампањи за орална вакцинација на лисиците.

Инаку, oд 2011 година кога стартуваше акцијата за сузбивање на беснилото во нашата држава потврдени се 9 случаи на беснило, 8 кај диви животни (4 лисици и 4 волци) и еден случај кај домашна мачка. Досегашните резултати за Агенцијата за храна и ветеринарство, се дополнителен мотив за засилување на превентивните мерки во борбата за искоренување на оваа болест.

OhridNews