Серијата победи на Реал Мадрид престана откако на Местаља домаќините го совладаа европскиот и светскиот првак со 2-1 во првиот официјален натпревар во Новата година.


Дуелот одлично започна за „кралевите“ кои во 14-та минута преку Кристијано Роналдо од пенал поведоа со 1-0 .


Но, водството не ги поколеба фудбалерите на Валенсија кои со головите на Антонио Бараган и Николас Отаменди комплетно го свртија резултатот и забележаа голема победа.

Поразот од „лилјаците“ ги сруши соништата на фудбалерите од Реал Мадрид за влегување во Гинисовата книга на рекорди за извојувани победи во низа.

Резултати : Гетафе – Рајо Ваљекано 1-2, Валенсија – Реал Мадрид 2-1, Еспањол – Еибар, Реал Сосиедад – Барселона.

Мх.П.