Ернесто Валверде тренер на Барселона ќе биде следната сезона, а можеби и уште една, откако клубот одлучи да му го продолжи договорот и да стави крај на сите шпекулации кои ги имаше изминатиов период.

  • Барселона и тренерот на првиот тим Валверде постигнаа договор за продолжување на соработкат за следната сезона со опција за уште една година. Раководните лица во клубот и играчите се презадоволни од тренерот и среќни сме што ќе остане со нас. – стои во соопштението од клубот.

Валверде палката во Барселона ја презеде после завршување на сезоната 2016/17 наследувајќи го Луис Енрике. Во првата сезона освои двојна круна, победувајќи во Ла Лига и во Купот на Шпанија.

Каталонците моментално се наоѓаат на првата позиција во Примера, а во 1/8 финалето во ЛШ силите ќе ги одмерат со француски Лион.

OhridNews