Победа во регуларните деведесет минути или победа после изведувањето на пеналите се опциите кои ќе ги има Барселона во реваншот на Ноу Камп против Лион, откако првиот меч во Франција заврши без голови и без победник 0-0.

Барселона упати дури 25 удари кон противничкиот гол, а никој од нив не ја погоди целта.

  • Игравме добро, креиравме многу шанси, но за жал не успеавме да погодиме и да победиме. Мора да признаеме дека 0-0 е опасен резултат без разлика што сме многу опасни и надмоќни на домашен терен. На помош ќе треба да ни дојдат навивачите кои се ветар во грб на фудбалерите. – изјави Валверде.

Реваншот се игра на 13 март на Ноу Камп.

OhridNews

ЛШ: Непопуларно реми во Ливерпул и Лион