Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси со два голови беше творец на триумфот на Барселона против Јувентус (3-0) во дербито на колото во Лигата на Шампиони.
Меси, конечно најде начин да го совлада Џиџи Буфон, кој долги години оддолеваше на нападите на напаѓачот на Барселона. Според тренерот на каталонците, Ернесто Валверде токму Меси ја направил разликата на теренот.
– Со Меси на теренот секогаш имате чувство дека нешто ќе се случи добро на теренот. На почеток ми беше тешко да се соочам со него, бидејќи го има секаде на теренот. Но, тој ми помогна и сите заедно работиме да стигниме до добри резултати. Првиот гол го промени ритамот на мечот на наша страна, инаку претходно Јувентус добро играше и добро парираше. – изјави тренерот на Валведре Ернесто.
Јувентус шанса за поправен ќе има во петтата рунда кога на домашен терен ќе го пречека составот на Барселона.
OhridNews