Најновото засилување на „црвените“, Вирџил ван Дајк имаше деби од соништата во дресот на Ливерпул постигнувајќи одлучувачки погодок во „Мерсисајд“ дербито со Евертон на Енфилд. Холанѓанецот во 84-та минута погоди за 2-1 и му го го трасираше патот во следната рунда од ФА Купот на својата екипа.
– Каква неверојатно ноќ. Голема и заслужена победа. Прво не можам да поверувам дека сум дел од Ливерпул, а успеав да постигнам и погодок за победа против Евертон. Играњето за Ливерпул беше моја голема желба и детски сон, а тој синоќа ми се оствари. – изјави Ван Дајк.
Репрезентативецот на Холандија е најскапото засилување во историјата на Ливерпул, а второ во Премиер лигата. „Црвените“ за неговите услуги на Саутемптон му исплатија 75 милиони фунти.
Фантастично деби за Ван Дијк, победа за Ливерпул на „Енфилд“ (видео)
OhridNews