Сезонава најверојатно е последна за Робин ван Перси на Олд Трафорд откако менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал одлучил да го продаде во летниот преоден рок.
Сериозно за услугите на холандскиот репрезентативец е заинтересиран турскиот клуб Фенербахче, кој веќе и испратил понуда до Олд Трафорд.
По доаѓањето на Ван Гал во Манчестер Јунајтед прв кој се израдува беше токму Ван Перси, но неговиот лош учинок сезонава (ќе) го одведе Холанѓанецот на излезните врати.
Напаѓачот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани се споменува за замена ако се случи разделбата меѓу Ван Гал и Ван Перси.
Мх.П.