Манчестер Јунајтед ја забележа четвртата победа на гостински терен сезонава совладувајќи го среќно со 1-0 тимот на Њукасл.
Победничкиот погодок „ѓаволите“ го постигнаа во 90-та минута кога потесната одбрана и голманот на Њукасл изреагираа почетнички во сопствениот шеснаесеттик.
– Доминиравме во текот на сите 90 минути и ова беше можеби нашиот најдобар натпревар во сезоната. Заслуживме да победиме. Тоа беше луда трка на Вејн Руни, изгубената топка го покажа борбениот дух кој го има овој тим. Сакавме да победиме. Ги направив сите измени за да победиме, а не да го сочувам резултатот. – рече Луис ван Гал.
И останатите фаворити во Премиер лигата победија и продолжува мртвата трка за местата кои водат во Лигата на Шампиони.
Ohridnews