Лутите ривали од Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер Јунајтед силите ќе ги одмерат во 1/4 финалето од Лигата на Европа.
Најмасовното натпреварување во Европа е надеж за Ливерпул и Манчестер Јунајтед за трофеј кој пак, гарантира место во Лигата на Шампиони следната сезона.
– На овој и општо на дерби средба со Ливерпул морате да одите да победите. Мечот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е повеќе од дерби, а сега е уште поголемо и од тоа што не се опишува. Ривалството е големо, а посебно местото кое води во Лигата на Шампиони е наш заеднички таргет, па затоа ова дерби ќе биде посебно. – рече Ван Гал.
Холандскиот стручњак има скор од четири победи во исто толку мечеви со „црвените“ на клупата од Манчестер Јунајтед.
– Кога ќе го пишувате ова, на моите играчите ќе им се зголеми притисокот и ќе им биде уште потешко да стигнат до петтата победа во низа. Затоа ве молам, да не го пишувате. Интересна работа е што имам стопроцентен скор со Ливерпул, а знам дека најмногу се радуваат навивачите. – додаде Ван Гал.
За дуелот со Ливерпул во Лигата на Европа ќе се врати Антонио Валенсија кој отсуствуваше поради повреда на глуждот повеќе од три месеци.
OhridNews












