Судејќи по промотивното видео на Манчестер Јунајтед за предсезонските мечеви во Кина во кое нема ниту трага ниту глас од Луис ван Гал, „црвените ѓаволи“ ќе добијат нов менаџер за следната сезона.


Минатата година заштитно лице на промотивното видео беше токму холандскиот стручњак, а годинава го нема во ниту еден кадар. Светските медиуми тоа веднаш го поврзаа со заминување на Холанѓанецот кој не е посакуван лик од навивачите на Олд Трафорд.


По сите притисоци и шпекулации едно е јасно дека Манчестер Јунајтед ќе има бурно лето без разлика кој менаџер ќе го предводи тимот кој некогаш газеше немилосрдно во Премиер лигата.

OhridNews