Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал пикираше нови засилувања и „заборави“ на старите желби Артуро Видал, Пол Погба и Кевин Стротман.
На листата од холандскиот стручњак се најдоа пет фудбалери и тоа Франко Васкез (Палермо), Кевин де Брујен (Волфзбург), Иско (Реал Мадрид), Џејмс Вард (Саутемптон) и Јоханес Гејс (Мајнц).
Управата на „ѓаволите“ од менаџерот има задача да доведе двајца од овие фудбалери кои ќе му помогнат на Јунајтед за враќање на старите патеки.
Иако клубот потроши 150 милиони фунти во летниот преоден рок сепак не успеа да се вмеша во борбата за титулата во Премиер лигата.
Ohridnews