Шпанскиот чувар на мрежата Давид де Геа ги започна подготовките со Манчестер Јунајтед, но во неговите мисли е трансфер во Реал Мадрид.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал сам го повика Де Геа кој има уште една сезона од потпишаниот договор 2011 година.
– Му реков на Де Геа дека мора да се фокусира на Манчестер Јунајтед, а не на Реал Мадрид. Тој е наш голман и додека е тука, Јунајтед мора и треба да биде негов приоритет. – рече Ван Гал.
Одбивањето на новиот договор и евентуалниот трансфер на Де Геа во Реал Мадрид е најголема сага во летниот преоден рок. Медиумите во неколку наврати најдоа замена за Де Геа кој и самиот потврди дека посакува враќање во Шпанија.
Ohridnews