Холандскиот стручњак на клупата од „ѓаволите“, Луис ван Гал го понижо и си поигра со реномето на Радамел Фалкао откако го вклучи со тимот од резервите за дуелот со Тотенхем.


Колумбискиот репрезентативец на Олд Трафорд стигна како големо засилување, но до сега не ги оправда очекувањата.

Фалкао во дресот на „ѓаволите“ е бледа сенка од деновите кога ги бранеше боите на Порто и Атлетико Мадрид.

Колумбиецот заработува 300 000 евра неделно, а во тимот со резервите уште беа вклучени Рафаел, Џејмс Вилсон и Виктор Валдес.

Зачудувачки е фактот што Фалкао не доби шанса на дуелот со Арсенал во ФА купот, кој Јунајтед го загуби, а настапува за резервниот тим.

Мх.П.