Иднината на Мемфис Депај на Олд Трафорд доведена е под знак прашалник откако менаџерот Луис ван Гал го изостави од составот за мечот со Кристал Палас во финалето од ФА купот кое се игра во 18:30 часот на Вембли.
Депај, сезонава не оправда ниту една пена од 30-те милиони фунти кои Манчестер Јунајтед му ги исплати на ПСВ Ајндховен за неговиот трансфер.
Холандскиот репрезентативец пред почетокот на оваа сезона беше прво засилување, а „црвените ѓаволи“ неговиот трансфеф го официјализираа уште во мај месец.
Депај ги спакува куферите и замина од Олд Трафорд бидејќи мечот со Кристал Палас е последен на клупски план сезонава.
Се уште менаџерот Ван Гал се нема изјаснато за одлуката да го изостави својот сонародник од најважниот меч во двегодишниот престој на Олд Трафорд.
OhridNews