Манеџарот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал го пречкрта Робин ван Перси од изведувачите на пенали откако промаши во поразот од ВБА на Олд Трафорд 1-0.


Чуварот на мрежата на ВБА, Боаз Мајхил го прочита ударот на Холанѓанецот, кој биеше на левата страна од голот и обезбеди значајни бодови за гостите од Бирмингем.

– Кога ќе промашите пенал секогаш одите последен во редот на чекање. Секогаш е така во фудбалот. – прокоментира кратко околу одлуката Ван Гал.

Во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, Ван Перси има постигнато 10 голови во 26 натпревари.

Мх.П.