Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал на Олд Трафорд ќе го врати еден од најталентираните фудбалери во екипата Аднан Јанузај.


Репрезентативецот на Белгија во последниот ден од преодниот рок како позајме фудбалер замина во Борусија Дортмунд, но малкуте шанси за настап го натераа Ван Гал да го повлече назад.

Јанузај ја започна сезоната со „ѓаволите“, а дури успеа и да постигне погодок вреден три на гостувањето на Вила Парк против Астон Вила.

Иако Манчестер Јунајтед се поврзува со многу фудбалери во зимскиот преоден рок првиот потег на Ван Гал помалку е неочекуван.

Ohridnews