Ливерпул со пласманот во 1/4 финалето од Лигата на Европа ја прекина одличната традиција на Манчестер Јунајтед со англиските екипи во европските натпреварувања.
„Црвените ѓаволи“ никогаш до сега немаа доживеано елиминација од англиска екипа во нокаут фазата во Лигата на Шампиони или Лигата на Европа, но „црвените“ со победа на Енфилд 2-0 и реми на Олд Трафорд 1-1 успеаја во тоа.
– Многу сме разочарани. Во соблекувалната се осеќаше дека можеме. Направиме неколку добри прилики да победиме, но кога напаѓате толку високо, нормално е противникот да има простор за контра напад. – рече Луис ван Гал и додаде. Начинот на кој го примивме голот ни го сруши моралот. Да го избегневме тој погодок, можеби многу други работи ќе се случеа во продолжението.
По елиминацијата од Лигата на Европа на Манчестер Јунајтед му преостанува борбата за четвртото место во Премиер лигата и титулата од ФА Купот.
OhridNews