Се почести се обвинувањата на адреса од холандскиот стручњак Луис ван Гал за настапите на Манчестер Јунајтед сезонава. И самиот менаџер на „црвени ѓаволи“ призна дека и тој како и навивачите не уживаа во одредени мечеви на екипата.


Има натпревари на кои уживам и поминуваат многу брзо, а има некои на кои не уживам, но неможиш да ги контролираш секогаш работите. – рече Ван Гал.

Холандскиот тренер се осврна и на мечот со Шефилд кој навивачите на Манчестер Јунајтед го напуштија порано пред Вејн Руни да го постигне одлучувачкиот погодок.

– Сите помислија дека нема да постигниме погодок, но ете успеавме и тоа треба да ги радува. Навивачите може заминаа порано поради гужвата во сообраќајот кој се ствара после секој натпревар. – заврши Ван Гал. 

OhridNews