Со назначување на Жозе Мурињо за менаџер и на Луис ван Гал за спортски директор, Манчестер Јунајтед најверојатно ќе стави точка на менаџерската иднина на Олд Трафорд која е најозборувана во фудбалот изминатиов период.


Оваа бомбастична најава ја пренесува англискиот таблоид „The Sun“ кој се повикува на блиски извори од Манчестер Јунајтед.

Холандскиот стручњак на клупата од „црвените ѓаволи“ не ги оправда очекувањата испаѓајќи во групната фаза од Лигата на Шампиони и завршувајќи на петтата позиција во Премиер лигата.

Во името на Мурињо навивачите на Манчестер гледаат рецепт за експресно враќање на старите патеки по кој чекореше клубот во времето од Сер Алекс Фергусон.

Сепак, во минатото Мурињо секогаш беше во „тивка“ војна со раководните луѓе на клубот, а Ван Гал би се нашол токму на таа позиција.

OhridNews