Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со не толку убедлива игра успеаја на Олд Трафорд да го совладаа Барнли 3-1. „Ѓаволите“ со триумфот го продолжија походот кон местата на табелата кои водат во Лигата на шампиони.


– Во првиот дел не одигравме ништо, а постигнавме два погодоци под среќни околности. Нашиот ривал беше подобар противник и на теренот дејствуваше онака како што посакувавме ние. Во вториот се консолидиравме и наликувавме, но фудбалот не се игра само 45 минути туку 90 затоа што побрзо да го заборавиме овој натпревар и да се фокусираме на следните предизвици – рече холанскиот стручњак.


Проблемите со повредите на Јунајтед продолжија и на мечот со Барнли откако предвреме поради повреди натпреварот го завршија Фил Џонс и Дејли Блинд.

Мх.П.