Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе ја надохнадува негативата (2-1) од првиот натпревар со Митјиланд во 1/16 финалето од Лигата на Европа.


„Црвените ѓаволи“ мечот со данците во Лигата на Европа го најавија со лесниот триумф (3-0) над Шревзбери во англискиот ФА Куп.

– Ни треба игра со страст, тоа е вистинскиот збор. На моите играчи неделава често им говорев со зборовите „гладен и напален“, нешто што е неопходно за вакви мечеви. Негативата е достижна, но не наивна. Нашите противници ни покажаа дека можат да не казнат и затоа мора сериозно да пристапиме уште од самиот почеток на мечот. – рече Луис ван Гал.


За реванш натпреварот холандскиот стручњак ќе може да смета на Маркос Рохо и Антонио Валенсија кои се враќаат во составот по долгата пауза поради повредите.

OhridNews