По повредите на Фил Џонс, Џони Еванс и најновата на Крис Смајлинг и „поцрвенетиот“ Тајлер Блекет холандскиот стручњак Луис ван Гал остана без класичен стопер во екипата за дуелот со Вест Хем.

Отпаѓањето на дефанзивната четворка доаѓа во најлош момент за Манчестер Јунајтед откако прими пет погодоци од Лестер и претрпе пораз од 5-3.

За натпреварот со „чеканите“ Ван Гал ќе повика фудбалери од академијата на Манчестер од кои многу работи ќе значат. Холанѓанецот не често се потпира на младинците, но сега ќе се моли во нив да одиграат перфектен натпревар во одбраната.

20-кратниот првак во Премиер лигата по четири одиграни натпревари има една победа, едно реми и два порази.

Мх.П.