Ниту во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед не успеа да ги израдува своите навивачи откако претрпе пораз од Митјиланд 2-1 во првиот меч од 1/16 финалето.


„Црвените ѓаволи“ поведоа, но домаќините со два погодоци во продолжението од мечот го свртија резултатот и со минимална предност ќе го пречекаат реваншот на Олд Трафорд следната недела. 

– Имавме водство 1-0 и неколку прилики за погодок при 1-1, но не успеавме да реализираме. И потоа ни се случи марфиевиот закон и примивме погодок по кој загубивме. Мечот тргна лошо од почеток кога Де Геа се повреди на загревање иако Ромеро имаше неколку фантастични интервенции. Првиот дел го одигравме добро, но во вториот се изгубивме. Не добивме ниту еден дуел, не освоиме ниту една топка што недпустливо за мечеви од ваков ранг. – рече Луис ван Гал.

По завршувањето на мечот навивачите на „црвените ѓаволи“ ги исвиркаа играчите и менаџерот за лошата престава и новиот пораз вкупно 11-ти сезонава.

ЛЕ: Митјиланд го дотолчи Манчестер Јунајтед (видео)

OhridNews