„Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд лесно како ретко сезонава го совладаа Тотенхем со 3-0 и освоија значајни бодови во трката за позициите кои водат во Лигата на Шампиони.
Пред почетокот на мечот капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ги мотивирал соиграчите со говор во соблекувалната, што им донесе убедлив триумф.
– Долго чекавме на една ваква лесна победа, а сите заслуги одат за Руни, кој имаше говор во соблекувалната пред стартот на мечот. Тој им влеа самодовербата на играчите што беше евидентно на теренот. Со оваа победа отидовме чекор напред, но допрва не очекуваат возбудливи натпревари. – рече менаџерот Луис ван Гал.
Викендов што доаѓа Манчестер Јунајтед на Енфилд ќе сретне со Ливерпул во најголемото дерби во Премиер лигата.
Мх.П.