Екипата на Манчестер Јунајтед во четвртата рунда од Премиер лигата ја забележа првата победа совладувајќи го Квинс Парк Ренџерс со 4-0.
– Оваа победа е добра за нов почеток. Но, сигурен сум дека можеме уште подобро. Кога ќе победите 4-0 можете да бидете среќни за резултатот и играта која прикажале момците на теренот – истакна менаџерот на „ѓаволите“ Луис ван Гал.
Шпанскиот репрезентивец Хуан Мата кој беше стрелец на едне погодок верува дека триумфот над „полицијаците“ е почеток на позитивна серија.
– Важна победа за новите фудбалери и општо за целата екипа. Од тука треба да почне нашата серија победи која ќе однесе на врвот од табелата со останатите екипи – додаде Мата.
Мх.П.