Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал одбил трансфер со кој Кристијано Роналдо ќе се вратеше на Олд Трафорд.


Оваа сензационална вест ја објави шпанскиот новинар Алфред Дуро во својата емисија поврзана со спортот.

Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш го понудил португалецот на синот од Алекс Фергусон, Мартин кој е главен скаут на Манчестер Јунајтед.

По средбата на Мартин и холандскиот стручњак трансферот пропадна и Роналдо остана во Реал Мадрид.

Португалскиот репрезентативец во 2009 година токму од Манчестер Јунајтед за рекордни 94 милиони евра се пресели на Сантијаго Бернабеу.

Мх.П.